Најбогатата колекција на масла за нега

Sensilis маслата од Галафарм веќе го докажаа својот квалитет, но и развој. Погледнете за кои масла станува збор, и кои нови Sensilis масла се појавија на пазарот:

Sensilis® Невеново масло

  • Ефикасно за сите типови кожа
  • Содржи биофлавоноиди кои имаат заштитна функција и го спречуваат предвременото стареење на кожата
  • Ја поддржува способноста за обновување на кожата и ја подобрува нејзината прокрвеност
  • Ја хидратира кожата, ја омекнува и ги отстранува мртвите клетки, давајќи ѝ на кожата здрав и мазен изглед
  • Се употребува за нега на сува, испукана и на затегната кожа, особено на рацете и стапалата
  • Може да се користи и против проблеми со кожата, како и за црвена и чувствителна кожа (од временските услови)

Пакување: 50 ml

 

Sensilis® Чичково масло

  • Наменето за нега на сите типови коса
  • Чичковото масло го смирува надразнетиот скалп, помага при отстранување на првутот, ја негува оштетената коса, го јакне коренот и на косата ѝ дава сјај, волумен и виталност. Со масажа на скалпот со чичково масло се подобрува прокрвеноста на кожата и исхраната на коренот на косата, што поволно влијае врз природниот раст на косата.

Пакување: 50 ml

 

Sensilis® Маслиново масло

  • Ја штити кожата од дејството на сончевите зраци и од предвремено стареење
  • Ја хидратира и ја омекнува кожата, па се препорачува за сува, рапава и за испукана кожа, посебно на петите, лактите и рацете
  • Го храни и го јакне коренот на косата, а со тоа поволно влијае врз нејзиниот раст, го смирува надразнетиот скалп, ја хидратира и ја негува сувата и оштетена коса
  • Ги омекнува кутикулите на ноктите и ги храни, негува и ги јакне ноктите

Пакување: 50 ml

 

Sensilis® Бадемово масло

  • Се препорачува за нега на сите типови кожа. Особено се препорачува за нега на сува и осетлива кожа
  • Ја хидратира, храни и ја штити кожата, а со тоа го забавува нејзиното стареење и ја одржува мека и мазна
  • Ја смирува надразнетата кожа
  • Го храни коренот на косата, спречува настанување на испукани врвови, ја хидратира и јакне косата, со што таа станува мека, сјајна и со поголем волумен

Пакување: 50ml

 

Sensilis®Ореово масло

  • Се употребува за нега на сува, зрела и на истенчена кожа
  • Ја негува сувата и оштетена коса
  • Ја штити косата, помага при нејзиното обновување и ѝ дава сјај
  • Го јакне влакното и ја прави косата поотпорна на секојдневните механички оштетувања
  • Особено е погодно за потемни нијанси на косата

Пакување: 50 ml

 

 

Sensilis® Кантарионово масло

  • Ги штити и негува сувите места на кожата
  • Ја поддржува способноста за обновување на кожата
  • Се користи при заштита од стрии, ги намалува последиците од предвремено стареење на кожата
  • Масажата со кантарионово масло ги опушта затегнатите мускули и ја подобрува прокрвеноста на кожата
  • Ја смирува кожата после предолго изложување на сонце

Пакување: 50 ml

 

 

Sensilis®Рицинусово масло 

  • Ја чисти и ја смирува кожата, а поради високиот удел на витаминот Е помага и кај проблеми со кожата
  • Поради исклучителните хидратантни особини, се препорачува за нега на сувата кожа и коса
  • Со редовна примена го поттикнува растот на ноктите и косата, помага при првут, го јакне влакното и ја прави косата поотпорна на секојдневните механички оштетувања
  • За отстранување на шминката може да се користи чисто или во комбинација со Гала маслиново масло

Пакување: 50 ml

Sensilis®Кокосово масло 

  • Јa штити кожата од штетните сончеви зраци и ја смирува по долготрајното изложување на сонце
  • Се препорачува за нега на сува и осетлива кожа
  • Ја хидратира, храни и ја штити кожата, а со тоа го забавува нејзиното стареење и ја одржува мека и мазна
  • Кокосовото масло го смирува надразнетиот скалп, помага при отстранување на првутот, ја негува оштетената коса, го јакне коренот и на косата ѝ дава сјај, волумен и виталност
  • Со масажа на скалпот со кокосово масло се подобрува прокрвеноста на кожата и исхраната на коренот на косата, а тоа поволно влијае врз природниот раст на косата.

Пакување: 50 ml

 

 

+

 

Sensilis®Масло од Морков

(Екстракт од корен на морков во маслиново масло)

  • Природен извор на бета каротен и витамин Е
  • Ја хидратира, храни и ја штити кожата од штетните сончеви зраци
  • Се препорачува за нега на сите типови кожа особено за сува, рапава, испукана и зрела кожа склона кон појава на брчки
  • Jа хидратира и ја јакне косата, со што таа станува мека, сјајна и со поголем волумен

Пакување: 50 ml

 

Sensilis®Масло од Чајно дрво

(мешавина со маслиново масло)

  • Го смирува надразнетиот скалп, помага при отстранување на првутот, го јакне коренот на косата
  • Поради своите благи антисептични и антибактериски својства маслото од чајно дрво се користи и при проблеми со кожата како акни, црвена и чувствителна кожа
  • Маслото од чајно дрво помага при отстранување на непријатните тегоби предизвикани од габично заболување

Пакување: 30 ml

 

 

Повеќе информации на:

www.galafarm.com.mk

и на Facebook.com/Galafarm

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.