Домашно природно масло за сончање

Сезоната на сончање и добивањето бронзен тен веќе е започната. Наместо да купувате било каков препарат кој ќе Ве заштити од сонцето, а воедно и ќе Ви овозможи потемна кожа, Ве советуваме да си подготвите 100% природно масло за сончање во домашни услови. Ова масло е одличен оксидант, богато со бета-каротен и витамин А и Е.

2

Потребни состојки:

6 млади зелени оревчиња

1 голем морков

Маслиново масло

3

Начин на подготовка:

Во тегла наредете ги најпрво оревчињата кои претходно ќе ги пресечете на половина, а врз нив изрендајте го морковот. На крај во теглата додадете маслиново масло доволно за да се покријат состојките. Теглата оставете ја да стои на сонце еден месец, а повремено протресувајте ја. (Доколку не можете да најдете млади оревчиња, употребете стари, но претходно издробете ги на поситни парчиња.)

По истекот на месецот, маслото процедете го и сипете го во шишенце со пумпичка за полесно нанесување и размачкување.

*Овој препарат треба да го нанесувате на себе исклучиво само кога веќе неколку пати сте биле изложени на сонце и имате малку затемнета боја на кожата, во спротивно нема да Ве заштити од сончевите зраци бидејќи има заштитен фактор 5. Или пак, можете да го употребувате во утринските или вечерните часови, кога сонцето не е силно.

 

Е.С.

 

photo1/ bakinisavjeti.com

2/ stylecraze.com

3/ coolinarika.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.