Како да се шминкате додека имате херпес?

ВНИМАВАЈТЕ НА УПОТРЕБАТА НА ШМИНКАТА ДОДЕКА ИМАТЕ ХЕРПЕС

При опаѓањето на имунитетот или при зголеменото ниво на стрес, многу често доаѓа до појава на херпес на усните. Тој секако лошо изгледа, па затоа потрудете се навреме да ја спречите неговата појава, уште на почетокот кога имате црвенило и пецкање. Но, многу често и по лечењето на херпесот тој повторно многу бргу се појавува. Шминката е еден од факторите за негова повторна појава.

Пудра. Најчесто пудрите се наоѓаат во тубичка, па таа е заштитена од допир со херпесот, но внимавајте на четките и сунгерчињата кои ги употребувате при нанесување на пудрата. По секоја нивна употреба внимателно измијте ги со сапун и вода, а потоа дезинфицирајте ги. Или пак, пудрата околу усните нанесувајте ја со прстите. За камената пудра или пудрата во прав не треба многу да се грижите, бидејќи вирусот не се задржува на неа, поради сувата структура. Но, сепак можете да ја напрскате со алкохол и да не се грижите дека таа ќе се уништи, бидејќи по испарувањето на алкохолот, таа ќе биде иста како и претходно.

2

Кармин. По употребата, лесно можете да го отстраните вирусот од карминот. Едноставно, со ноже пресечете го горниот слој барем половина сантиметар и фрлете го. Не го бришете горниот слој од раката, бидејќи вирусот лесно може да се пренесе на неа.

Балсам. Доколку балсамот е во стик, постапете исто како и со карминот. Доколку балсамот е во кутивче, со хартиено марамче отстранете го горниот слој од балсамот.

3

Молив на усни. Моливот за усни лесно можете да го исчистите на тој начин што ќе го наострите. Но, имајте на ум дека после секое острење треба да ја дезинфицирате острилката.

Сјај за усни. Со оглед на тоа дека сјајот е во течна состојба и најчесто се нанесува со четкичка, бидете сигурни дека вирусот ќе биде распространет во целото шишенце. Единствено решение за сјајот за усни е корпата за отпадоци.

 

Е.С.

 

photo1/ shape.com

2/ seasonalsassiness.blogspot.mk

3/ healthambition.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.