Мафини со спанаќ

Подгответе превкусни мафини, во најразлична форма.

2

Потребни состојки:

100 мл млеко

100 мл масло за готвење

300 гр пченкарно брашно Тип 550

4 јајца

200 гр спанаќ

1 пециво

½ кафена лажица сол

3

Начин на подготовка:

Најпрво се мие и ситно се сецка спанаќот. Доколку сакате целосно зелена смеса, спанаќот се блендира.

Во поголем сад се матат јајцата, а потоа се додаваат маслото и солта. Се мати повторно.

Се додаваат брашното и пецивото, се мати и се додава спанаќот. На крајот се додава млекото.

Добиената смеса се сипува во разновидни калапи за мафини и се става да се пече на претходно загреана рерна на 180° Целзиусови, околу 25 минути.

 

На здравје!

Е.С.

photo1/superhealthykids.com

2/pamelasalzman.com

3/pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.