Зелено „омбре smoothie“

Создавањето на омбре smoothie воопшто не е лесна работа, бидејќи најважно при неговата подготовка е да се создаде густа смеса за слоевите, со цел да не се прелеат еден во друг.

Состојките може да се наредат во најмногу пет слоеви, за секако тоа да има и убав изглед. Слоевите се сипуваат од најсветлата до најтемната или обратно.

Потребни состојки:

1 замрзната банана

1 шака замрзнати коцки ананас

½ замрзнато манго

1 шака кељ

2 шаки спанаќ

300гр грчки јогурт

Спирулина

2

Начин на подготовка:

1 слој. Бананата и ананасот се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената смеса сипете ја во 2 теглички на дното.

2 слој. Мангото и ½ шака кељ се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената смеса се сипува врз првиот слој во тегличките.

3 слој. ½ шака кељ, ½ шака спанаќ и 100гр јогурт се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената смеса се сипува врз вториот слој во тегличките.

4 слој. ½ шака спанаќ, 100гр јогурт и малку спирулина се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената смеса се сипува врз третиот слој во тегличките.

5 слој. 1 шака спанаќ, 100гр јогурт и малку повеќе спирулина од претходниот слој се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената смеса се сипува врз четвртиот слој во тегличките.

 

На здравје!

Доколку сметате дека имате премногу спанаќ во ова smoothie можете да ја намалите дозата или пак да додадете повеќе манго или ананас.

 

Е.С.

 

photo1/ fitnessmagazine.com

2/ thefeedfeed.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.