Забрзување на растот на косата со оваа храна:

Сите девојки посакуваат да имаат долга коса, но на некои од нив косата им расте многу поспоро. Консумирањето на одредена храна може да влијае врз забрзуваењто на растот на косата. Еве за која храна станува збор:

Јајца. Јајцата во себе содржат биотин и протеини кои помагаат во брзиот раст на косата и го спречуваат дополнително опаѓањето на косата.

Пилешко и мисиркино месо. Пилешкото и мисиркиното месо во себе содржат протеини кои на телото му се потребни за производство на кератин, материи од кои се составени влакната.

2

Лосос. Лососот содржи Омега-3 масни киселини што помагаат во зајакнувањето на фоликулите на влакното, но и го поттикнуваат растот на косата. За забрзувањето на растот на косата, помагаат и железото и витаминот Б кој го има во лососот.

Леќа. Леќата е богата со железо и цинк, елементи кои го поттикнуваат растот на косата и кој го нормализираат дотокот на крв во главата.

3

Семки од тиква. Витамините Б1, Б2, Б3 и Б4 кои се содржат во семките од тиква го забрзуваат растот на косата, а додека пак, витамините Б5 и Б6 овозможуваат здрав раст на косата. Доколку имате сериозен проблем со губењето на косата, Ве советуваме да консумирате масло од семки од тиква.

Бадеми. Витаминот Е кој е содржан во бадемите го потпомагаат растот на косата. Исто така, бадемите содржат и други супстанци за помагање на растот на косата како витамин Б, биотин и масни киселини.

 

Е.С.

 

photo1/ wallpaperswide.com

2/ pinterest.com

3/ magic4walls.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.