Ноктите откриваат кои витамини ни се потребни

За да имаме убави, здрави и цврсти нокти потребна е постојана грижа за целокупното наше здравје. Токму затоа, според изгледот на ноктите можеме да откриеме што нѝ недостасува во организмот, односно кои витамини и минерали нѝ се потребни.

Ова се четирите најчести појави на ноктите кои прикажуваат некаков недостаток:

Вертикални бели линии. Овие линии најчесто се појавуваат при слабо апсорбирање на витамините и минералите, но и при недостаток на железо и витаминот Б12.

2

Бели точки. Овие бели точки се појавуваат при недостаток на калциум и цинк. Зголемете го консумирањето на млеко и млечни производи, како и спанаќ.

Надолно растење. Доколку ноктите почнуваат да растат надолу, а не право, потребно Ви е витамин Ц, фолна киселина и/или протеини. Консумирајте повеќе месо, соја, спанаќ.

Суви и кршливи нокти. Ваквите нокти укажуваат на недостаток од витамин А и калциум. Консумирајте млеко и млечни производи, моркови, тиква.

3

 

Е.С.

 

photo1/ drweil.com

2/ thesun.co.uk

3/ miutiful.de

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.