Како да трае подолго нанесениот парфем?

Откако ќе го нанесете парфемот на себе, сигурни сме дека сакате мирисот да остане на Вас во текот на целиот ден. Еве неколку трикови како ќе можете постојано да мирисате убаво:

Кога да го нанесете парфемот. Најдобро време за нанесување на парфемот е после туширање. Тогаш кожата е сеуште влажна, што е одлична подлога за мирисот подолго време да се задржи на кожата.

Одржувајте ја кожата хидрирана. Секогаш пред нанесување на парфемот кожата треба да биде хидрирана. Сувата кожа впива одредена количина од парфемот, со што тој ветрее побрзо.

Слоевитост. Еден ист мирис може да се најде во различни облици, од креми, лосиони, гелови, млеко за тело, па сè до масла, како на пример мирисот на ванила. Секогаш внимавајте овие производи кои ги нанесувате да имаат ист мирис со цел мирисот да трае подолго. Доколку употребувате производи со различен мирис, тие ќе се измешаат и воопшто нема да мирисате на тоа што сте сакале. Дури и парфемот нема да ја има истата мирисна нота.

2

Колку пати да го нанесувате. Парфемот нанесувајте го два пати во текот на денот. Секако, кожата е жив орган кој не може да го задржи истиот мирис, бидејќи дише.

Каде да го нанесете парфемот. Парфемот нанесувајте го на топлите и скриени делови на телото. Поради топлината на телото, парфемот ќе се почувствува во целост, односно базната, средната и високата нота. Многу е важно да не го триете местото каде сте го нанеле парфемот, бидејќи така се губи високата нота, а останува само базната и средната нота.

Јачина на мирисот на парфемот. Цветните и цитрусните парфеми мирисаат понежно, а со тоа и траат пократко. Поблагите и поостри мириси траат подолго. На Вас оставаме што да одберете.

3

 

Е.С

 

photo1/ huffingtonpost.co.uk

2/ businessinsider.com

3/ reference.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.