Рецензија: Маска за масна кожа на лице

Sebo Vegetal е колекција наменета за нега на масна кожа на лице. Во себе содржи Бајкаласка прав односно пудра, која помага во одстранувањето на прекумерниот себум, ја чисти длабински кожата, ја прави мазна и ја матира.

Оваа колекција е дел од големото семејство на брендот Yves Rocher, Француски козметички бренд кој создава сосема природна козметика без парабени.

Сакам да Ви ја претставам маската за лице од линијата Sebo Vegetal на компанијата Yves Rocher, целосно природен препарат наменет за нега на масна кожа на лице.

 

1

2Самата маска доаѓа во пластично пакување од 75мл за 680 денари.

Според мојот начин на користење, оваа количина на производ е доволна за околу 3 месечно користење.

На самото пакување е испишан брендот, името на производот како и состојките од кои е направена оваа маска за лице. Деталниот состав на овој производ може да го најдете на официјалната страна на овој бренд.

Она што е важно и на што сакам да посветам внимание во овој пост, е нејзината текстура и начинот на кој таа делува.

 

3

4

Самата маска е доста густа , со бела боја и мазна текстура која лесно и едноставно се нанесува на лицето. Има пријатем мирис па така ќе уживате додека маската е на Вашето лице.

Ова е тип на производ кој полека се суши,  и на тој начин ја собира сета непотребна маснотија од  кожата.

5

6

Откако маската целосно ќе се исуши, отприлика за некои 5-7 минути, со млака вода и нежни движења ја отстранувате од Вашето лице и на тој начин ја отстранувате сета непотребна маснотија .

После нејзиното дејство, лицето е видно почисто и тонирано, односно сите црвенила и колорации на тенот се изедначени, себумот е одстранет и кожата е мазна и чиста.

Јас ја нанесувам еднаш во 7-10 дена, и тоа е сосема доволно за беспрекорен и здрав изглед на моето лице.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.