За освежување: Сладолед од кајсии

Летото е период на благи и вкусни кајсии кои ги има во изобилство, па токму поради тоа Ви предлагаме да си подготвите вкусен кремаст домашен сладолед од кајсии.

2

Потребни состојки:

Вода

500мл слатка павлака

1 кг кајсии

1 шолја шеќер

1 кафена лажица лимонов сок

3

Начин на подготовка:

Кајсиите се мијат и им се отстранува смеката. Се ставаат во тенџере на оган и се прелеваат со вода. Се оставаат да се варат 10 минути, колку да омекнат. Во тенџерето се додава шеќерот, се промешува за да се растопи, а потоа се остава во фрижидер да се олади целосно.

Откако ќе се олади, целата смеса се става во блендер и се блендира. Во блендерот се додава и слатката павлака и лимоновиот сок и повторно се блендира.

Содржината се сипува во длабок сад со капак и се остава целосно да се замрзне во фрижидер со длабоко замрзнување.

Потоа конечно може да се консумира.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ pintsizedbaker.com

2/ homegrown-kitchen.co.nz

3/ domesticfits.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.