„Smoothie“ со јагоди и кокос

Ова smoothie е одлично за добар почеток на денот бидејќи може да послужи како појадок, но може да биде и замена за ужина или пак, пијалок кој можете да го консумирате пред тренинг.

2

Потребни состојки:

200мл кокосово млеко

½ замрзната банана

100гр јагоди

1 супена лажица кокос

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со кокос.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ thepantryofeden.com

2/ naturalchow.com

3/ anniesnoms.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.