Како да започнете да се храните здраво?

Да знаете какода се храните здраво е многу повеќе од тоа да знаете да направите распоред за неделна исхрана.

Првиот чекор е всушност и најтежок, бидејќи започнува со Вашата менталнапромена, а со тоа и животна промена. Токму затоа, Ви ги нудиме овие чекори, за оваа транзиција да Ви биде полесна:

Поставете си реални цели. Размислете ги причините зошто треба да се храните здраво, размислете за Вашата мотивација и дали е доволна за да Ве движи низ процесот. Доколку мислите дека ќе се храните здраво само затоа што тоа е добро и здраво за Вас, пробајте да ја зацврстите целта со тоа што ќе си поставите крајна цел, на пример, намалување на килограмите.

2

Набљудувајте. Првата недела започнете со дадената диета. Обрнете внимание на тоа што јадете, кога јадете и како јадете. Водете дневник за целата храна и за тоа како се чувствувате во врска со здравата исхрана. Има бројни апликации кои можат да Ви помогнат во тоа. На крајот од неделата веќе ќе знаете кои работи ќе треба да ги елиминирате или која храна ќе треба да ја отфрлите од режимот на исхрана.

Најдете алтернативи. Можеби ќе имате проблем при готвење на храната со продукти кои всушност и претходно не сте ги консумирале. Можеби не сте можеле да јадете авокадо, брокула или целер, па токму затоа треба да најдете друга алтернатива за внесување на истите нутриенти.

Спора транзиција. Амбициозноста за тоа дека уште утре ќе започнете со здрава исхрана не е многу реална, а е и многу тешко остварлива. Многу е тешко да се промени начинот на однесување кон исхраната кој сме го практикувале цел живот. Затоа, започнете со мали чекори, како на пример, помала доза на шеќер во кафето или чајот, намалување на парчињата леб, избегнување на газирани сокови, пиење на поголема количина вода, намалување на коцките чоколадо и слично.

3

Количина и време. Во процесот важна е и количината на внесената храна и времето, односно часот кога таа се консумира. Обидете се да намалувате од Вашата стандардна количина на храна. Не треба да се чувствувате прејадени кога ќе завршите со јадењето, туку треба да бидете сити. Одредете си го точното време на Вашиот оброк и внимавајте да се придржувате кон тоа. Секако, треба да имате пет оброци на ден, односно појадок, ручек и вечера и ужина помеѓу нив.

 

Е.С.

photo1/ neogaf.com

2/ pinterest.com

3/ fpsgroup.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.