Канелони со сирење и спанаќ

Канелоните се класично италијанско јадење, кое веруваме дека ќе Ви се допадне.

2

Потребни состојки:

1 паковање канелони

500мл доматно пире

200мл павлака за готвење

400гр сецкан спанаќ

400гр издробено сирење

1 јајце

1 шака пармезан

½ кафена лажица сол

½ кафена лажица оригано

Начин на подготовка:

Во еден подлабок сад се мешаат спанаќот, сирењето, јајцето, солта и ориганото, се додека смесата не се соедини.

Секоја канелона убаво се полни со смесата и се остава во сад на страна.

Во длабоко тавче за печење како подлога се става доматното пире кое не треба да има многу вода.

Полнетите канелони се редат врз доматното пире во тавчето и се полеваат со павлаката за готвење. На крај се додава пармезанот и се става да се пече.

Се пече 15 минути на 200° Целзиусови и уште 5 минути со вклучен вентилатор.

3

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/finedininglovers.it

2/taste.com.au

3/cookingwithmanuela.blogspot.mk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.