2 во 1: Smoothie и маска за лице од лубеница

Ова е период на вкусните и сочни лубеници кои можат да Ве разладат во топлите летни денови. Освен многубројните благодети кои му ги дава на организмот, лубеницата одлична е и за кожата.

Токму поради тоа, Ви нудиме рецепт според кој ќе можете да си подготвите вкусно smoothie, а воедно да имате и нова омилена маска за лице од лубеница.

2

Потребни состојки:

½ шолја сецкана лубеница

¼ краставица

4 јагоди

1 супена лажица мед

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Ќе добиете густа хомогена смеса која ќе ја поделите на два дела. Едниот дел нанесете го на лицето како маска и оставете да делува 15 минути, додека со другата половина се освежувате пиејќи ја. Доколку сакате во него можете да додадете и неколку коцки мраз.

 

Е.С.

 

photo1/ remediesandherbs.com

2/ thecomfortofcooking.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.