Вкусни мафини со кајсии

Ова е супер летен рецепт, слатки мафини со кајсии кои се посебно погодни за појадок.

2

Потребни состојки:

220мл млеко

220гр брашно

80мл масло

6 кајсии

3 јајца

1 пециво

140гр кафеав шеќер

3

Начин на подготовка:

Во длабок сад пенасто се матат јајцата и шеќерот, а потоа се додаваат млекото и маслото.

Во добиената смеса полека се додава брашното и пецивото и се мати со жица за матење.

Кајсиите се сечат на мали парчиња и се додаваат во смесата.

Добиената смеса се става во калапи за мафини и се пече на температура од 180°, 25 минути.

Со оваа доза излегуваат околу 20 мафини.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ lovelypantry.com

2/ platedcravings.com

3/ dansukker.co.uk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.