Храна која помага за добивање бронзен тен

Никој не го сака макотрпното изложување на сонце во топлите летни денови со цел постигнување на потемен тен. Токму затоа, Ви предлагаме ова лето да почнете почесто да ја консумирате оваа храна, која може дополнително да Ви помогне во процесот на добивање на што подобар бронзен изглед.

2

Овошје и зеленчук со портокалова и црвена боја. Морковите, пиперките, јаболката, кајсиите, праските, дињите, бобинките во себе содржат каротеноид кој заедно со пигментот меланин е заслужен за добивање бронзена боја на кожата. Каротеноидот овозможува жолтеникава боја на кожата, додека пигментот меланин овозможува темнеење на кожата. Особено е важно консумирањето на продукти богати со витамин Ц, бидејќи тоа помага во одржувањето на колагенот.

3

Семки против стареење на кожата. Семките од сончоглед и тиква, семките од лен или чиа изобилуваат со омега-3 масни киселини. Тоа значи дека тие се борат против појавата на брчки, акни и лузни по кожата. Консумирајте ги особено доколку имате проблематична и осетлива кожа.

Ѓумбир за намалување на оштетувањето на кожата од сонцето. Ѓумбирот има антиоксидантно и смирувачко дејство врз кожата, па токму затоа се препорачува за сите типови кожа. тој значително може да ги израмни и брчките на лицето.

Кокосово масло против акни и темни флеки на кожата. За здравје на целиот организам се препорачува дневна доза од 2 до 4 супени лажици кокосово масло, без разлика на тоа дали ќе ги нанесете врз кожата или ќе ги консумирате. Кокосовото масло е значаен антиоксиданс кој го успорува стареењето на кожата. Со него можете да ја заштитите и косата од оштетување при изложување на сонце. Тоа може да ја спречи и појавата на пеги, акни, лишаи и воспаленија.

 

Е.С.

 

photo1/ reviewwali.com

2/ girlytrendyblog.com

3/ arevistadamulher.com.br

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.