Десерт за мерак: Пита со ореви

Потребни состојки:

250гр брашно

250гр ореви

250гр путер

250 гр шеќер

100гр чоколадо за готвење

7 јајца

2 супени лажици рум

pita---1

Начин на подготовка:

Се меси тесто од 250гр брашно, 250гр путер, 1 јајце и 1 супена лажица рум, а потоа тестото се дели на два еднакви дела.

Подготовка на фил:

Во еден сад се мати пена од 6 белки.

Во друг сад се матат 6 жолчки заедно со 250гр шеќер. Во истиот сад се додаваат 250гр ореви, 1 супена лажица рум и пената од белките.

pita---3

Еден дел од тестото се расукува и се става во тавче.

Врз тестото се става филот.

Се расукува и другиот дел од тестото и се става преку филот.

Се пече во рерна на 150° Целзиусови околу 40 минути.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ ifyougiveablondeakitchen.com

2/ therusticfoodie.com

3/ marthastewart.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.