Отстранување на непријатен мирис на стапалата

Причиннните за потење на нозете се најразлични, но важно е да се знае дека со потењето на нозете се прави одлична подлога за создавање бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис на стапалата.

Токму поради оваа несакана појава, Ви нудиме неколку совети како да се справите со овој проблем:

Кратете ги ноктите. Подраснатите нокти се одличен простор за создавање и размножување бактерии, особено кога ќе ги измиете нозете. Водата под ноктите не можете во целост да ја избришете, па тие тука почнуваат да се создаваат. Затоа, редовно кратете ги ноктите.

Чај за нозе. Танинот кој е содржан во ливчињата чај, го намалува потењетона стапалата и ја намалува појавата на бактерии. Чувајте ги нозете во чајот од 15 до 30 минути.

2

Ароматерапевтска масажа. Нозете постојано масирајте ги со 4 капки миризливо масло. можете да си подготвите и топла купка за стапалата, во која ќе ги држите од 10 до 15 минути.

Чист пешкир. Пешкирот за бришење на стапала секогаш треба да биде чист. Никогаш не заборавајте со него да го избришете подрачјето помеѓу прстите, бидејќи на тоа место водата останува, а секако влажната средина е погодна за бактериите.

Антиперспирант. Бидејќи антиперспирантот содржи хемикалии за намалување на потењето, истиот можете да го нанесувате и на стапалата. Секогаш нанесувајте го на чисти и суви стапала, навечер пред спиење.

По дома без чорапи. Секогаш кога сте дома обидете се да не носите чорапи. Доколку сепак не можете без нив, соблекувајте ги чорапите кои сте ги носеле надвор од домот и облекувајте чисти, секако на претходно измиени нозе. Чорапите ја собираат сета прашина, а стапалата во патиките се потат, што значи дека создавањето на бактерии е сигурно.

Перење на чорапите. Чорапите секогаш перете ги превртени наопаку за стопостотна дезинфекција и отстранување на честичкитесува кожа.

Дезинфекција на чевлите. Секогаш кога сте во можност дезинфицирајте ги чевлите, особено ако станува збор за патики. Тоа можете едноставно да го направите со нивно перење. Никогаш не ги облекувајте чевлите влажни, туку оставете ги целосно да се исушат.

 

Е.С.

 

photos/ shemazing.net,topshoesreview.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.