Проблематична кожа – што да се избегнува?

Доколку и Вие сте една од оние кои имаат проблематична кожа, особено кожата на лицето, треба да внимавате што ѝ нанесувате, односно треба да знаете кои производи за нега и убавина ѝ одговараат на Вашата кожа, а кои производи не ѝ одговараат.

2

Ова се главните состојки кои не треба да ги употребувате:

Кокосово масло. Иако кокосовото масло наоѓа широка примена во негата и убавината на кожата и косата, Вие не треба да го употребувате од причина што кокосовото масло познато е дека ги затвора порите, а сигурни сме дека Вие тоа не го сакате.

Алкохол. Познато е дека алкохолот се употребува во повеќето од производите за нега и убавина на кожата, но алкохолот кај Вас ќе има негативно дејство. Тој ја суши кожата, а токму поради сувата кожа се лачи повеќе себум што се доведува до затворање на порите.

3

Алги. Производите кои во себе содржат алги, кај лицата со проблематична кожа, наместо да имаат лековито и делотворно дејство, тие дополнително ја влошуваат ситуацијата. Секогаш при купување на одреден производ внимавајте на составот. Избегнувајте производи во кои се содржани Ascophyllum и Ulva lactuca.

 

Е.С.

 

photo1/ thefederalist.com

2/ spryliving.com

3/ greenpeople.co.uk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.