Како да ги извадите светките од кожата?

Доколку сакате да имате спектакуларен изглед на престојната забава, би требало да знаете како да ги извадите светките од кожата по нејзиното завршување. Доколку не знаете како да ги извадите, ќе ги носите на себе неколку дена додека да паднат сами.

Прво нешто на што ќе помислите е да ги отстраните со вода и сапун, но веднаш ќе се покаете поради таа постапка. Вие всушност ќе ги распространите светките по целата кожа, но нема да ги извадите.

2

Најпрво земете селотејп трака и нежно лепете ја врз светките. Откако ќе го отстраните поголемиот дел од светките, земете памук, натопете го со бебешко или маслиново масло и отстранете го остатокот. Дури потоа лицето можете да го измиете со вода и сапун. Доколку случајно имате уште некоја светка на лицето повторно употребете ја селотејп траката.

3

 

Е.С.

 

photo1/ dresslikeamum.com

2/ leaf.tv

3/ beautifullyalive.org

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.