Салата со морски плодови

Потребни состојки:

500гр замрзнати морски плодови

300гр сланина сецкана на коцки

1 кромид

1 чешне лук

5 кисели краставички сецкани на коцки

4-5 супени лажици мајонез

Сол

Вегета

Црн бибер

2

Начин на подготовка:

Морските плодови се варат 15 минути со 1 чешне лук, сол, вегета и црн бибер.

Во меѓувреме, на тивок оган се пржи сланината, а во друг сад се пржи 1 сецкан кромид. Сланината се додава во садот со кромид и се промешува.

Водата во која се вареле морските плодови се цеди, а тие се ставаат во длабок сад, во кои се додаваат и киселите краставички. Во истиот сад се додаваат и сланината со кромидот. Се промешува.

Во салатата се додава и мајонезот, повторно се промешува и се сервира.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ finirecepti.net.hr

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.