Танцот како терапија за ослободување од стрес

Танцувањето го ослободува телото од стресот, а ја поттикнува среќата. Кога телото се чувствува прекрасно, истото се случува и во умот. По добра доза танцување ќе се чувствувате смирено и оптимистички, а тоа придонесува и до подобрување на сонот.

Тоа позитивно влијае и врз кардиоваскуларниот систем, го регулира крвниот притисок, го забрзува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата на крвта, а преку потењето се исфрлаат и токсините од телото, со што се намалува и телесната тежина. По танцувањето, кое може да го практикувате и како тренинг, ќе бидете многу задоволни.

Танцувањето може да се користи и како терапија против разни заболувања. Ваквата терапија се користи и со децата.

2

Танцувањето исто така, може да биде одличен начин и за социјализација кај децата и одличен начин за развивање на моторните способности, особено во раната доба. Во старата животна доба се препорачува интензитетот на танцувањето да биде на пониско ниво, со не толку нагли движења, поради избегнување на несакани повреди. Во средното животно доба, нема никакво ограничување на танцувањето, поради тоа што тогаш човекот е во својот полн животен ек.

3

Танцувањето можете да го комбинирате и со друг вид на тренинг, всушност тоа би било и препорачливо, со цел зајакнување на мускулатурата и подобрување на движењата.

 

Е.С.

 

photo1/ dancingpassions.com

2/ rolandandromaine.com

3/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.