Како да подготвите црна пица?

Веројатно пицата ќе изгледа како да е изгорена, но пицата е црна само поради активниот јаглен кој е содржан во тестото. Исто така, и тестото не го менува својот стандарден вкус.

Ви претставуваме рецепт за црна пица, каде ќе Ви ги дадеме состојките само за тестото, а за филот препуштаме на Вашиот вкус и имагинација. Тука најчесто можете да употребите качап или доматно пире, кашкавал, печурки, рукола, кулен, врат, шунка или можеби ќе си подготвите вегетаријанска пица. Изборот е Ваш.

2

Потребни состојки:

20гр свеж квасец

3 супени лажици млака вода

320гр брашно

200мл топла вода

1 кафена лажица активен јаглен

1 кафена лажица шеќер

1 кафена лажица сол

3 лажици маслиново масло

2

Начин на подготовка:

Квасецот се раствора во 3 супени лажици млака вода, а потоа се додава шеќерот и се остава да се распени.

Во 200мл топла вода се раствора јагленот.

Во голем длабок сад се става брашното, запенетиот квасец, солта, водата со растворениот јаглен и маслото и се размесува во меко тесто. Тестото се остава да стасува околу 30 минути, дуплирајќи ја својата големина.

Нараснатото тесто се дели на половина. И двете половини се растегнуваат и врз нив се става омилениот фил за пица.

Пицата се пече во претходно загреана рерна на 250°, околу 10 минути.

За ова јадење ќе Ви биде потребен околу 1 час, а е погодно за 4 лица.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ basilico.co.uk

2/ grammagazine.com.au

3/ youtube.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.