„Премиум диет“ за совршен баланс во исхраната

НОВО од Уни Лукс

ПРЕМИУМ ДИЕТ-ЗА СОВРШЕН БАЛАНС ВО ИСХРАНАТА!

Здравиот начин на исхрана е многу повеќе од само тренд на модерното време. Правилно изблансирани и редовни оброци во текот на денот ни помагаат да останеме здрави, витални и да ги подобриме функциите на нашиот организам.

Токму затоа, со голема чест и задоволство Ви ја претставуваме нашата нова производна линија ПРЕМИУМ ДИЕТ која се состои од следниве производи:

Леб од 100% интегрално ржано брашно.

Овој леб е погоден за сите оние кои сакаат да внесуваат здрави јаглехидрати, а притоа да не го исфлаат лебот од исхраната.  Направен е од 100% интегрално ‘ржано брашно, без додаток на вештачки бои или конзерванси. Интегралното ‘ржано брашно содржи многу низок процент на глутен со што се избегнува подуеноста која глутенот многу често знае да ја предизвика преку внес на пченично брашно. Исто така интегралното ‘ржано брашно кое е исклучиво употребено во овој леб е богато со влакна кои ја подобруваат дигестијата, не го покачува нивото на шеќер во крвта како пченичното брашно и со тоа ве одржува сити подолго време. Идеален е за диабетичари, луѓе кои имаат пониска толеранција на глутен како и за оние кои сакаат да ја намалата или одржат својата телесна тежина.

RZAN

Хроно леб без квасец.

Овој леб е погоден за сите оние кои се придржуваат до хроно исхраната, но и за сите оние кои водат грижа а своето здравје и сакаат да го намалат внесот на калории и адитиви во исхраната. Во својот состав содржи исклучиво интегрално ‘ржано и хељдино брашно, без квасец, адитиви, емулгатори и бои. Брашното од хељда е полно со хранливи влакна, витамини и минерали, исто така е познато по тоа што го зголемува нивото на енергија, а приота не го покачува нивото на шеќер во крвта како простите јаглехидрати. Хељдата помага при срцеви заболувања со тоа што го намалува крвниот притисок и е полна со антиоксиданси. Во комбинација со интегралното ‘ржано брашно, кој има многу ниска содржина на глутен, прават совршен спој за сите поборници на здрава исхрана.

Погоден е за диабетичари, луѓе кои сакаат да ја намалат или одржат телесната тежина и за сите оние кои се трудат да водат здрав живот без адитиви и конзервански во исхраната.

HRONO-LEB

Производител: Уни Лукс Скопје

Фјодор Достоевски 1 Скопје

02/ 2030-504

www.uniluks.mk

facebook.com/Уни Лукс

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.