Пилешки батаци со цимет

Циметот најчесто го консумираме со блага храна, но може да биде одличен и во солена. Токму затоа Ви го претставуваме овој рецепт.

2

Потребни состојки:

6 пилешки батаци

1 лимон

1 кафена лажица цимет

Масло

Сол

Бибер

½ мускатно оревче

3

Начин на подготовка:

Батаците се ставаат во длабок сад и врз нив се посипува цимет, а потоа свежо цеден сок од лимон. Се додава сол, бибер и рендано мускатно оревче. На крај се додава масло и смесата се остава да отстои во фрижидер преку ноќ.

Вака подготвеното месо може да се пече во рерна завиткано во алуминиумска фолија или да се испече на плотна.

Се сервира заедно со пире, печен или пржен компир и зеленчук.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

2/ thisyeomanswork.com

3/ everclevermom.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.