Спречете ја појавата на целулит на рацете

Познато е дека целулитот најчесто се појавува на стомакот и колковите, но тоа не значи дека не може да се појави и на други места. Како рацете на пример. Токму затоа, Ви нудиме неколку совети како да ја одбегнете неговата појава токму на рацете.

Внимавајте со храната. Целулитот всушност настанува со исхрана збогатена со заситени масти и шеќери, каде спаѓаат мрсното и преработено месо, благите и лабот. Токму затоа, се препорачува консумирање на што повеќе овошје и зеленчук.

2

Вежбајте. Постојаното вежбање овозможува намалување на целулитот на сите делови на телото, не само на рацете. Доколку сакате, можете да се консултирате со Вашиот тренер какви вежби најмногу ќе ви одговараат.

Употребувајте антицелулитна крема. Ваквите креме денес се широко распространети на пазарот, па имате можност да бирате. Ве советуваме да изберете крема која во себе меѓу другото, содржи и ретинол А – состојка која го успорува стареењето на кожата. Доколку сепак не можете сами да се одличуте, Ве советуваме да се консултирате со стручно лице, односно со дерматолог или козметичар.

3

Антицелулитна масажа. Ваквата масажа можете да ја примените во козметичките салони или во домашни услови. Таа е комбинација од штипкање, триење и притискање на деловите од телото на кои има целулит, со претходно нанесено масло за масажа. Оваа масажа може да биде успешна само доколку примените здрава и балансирана исхрана и редовно вежбање. Во домашни услови можете да употребувате и било какви справи за антицелулитна масажа.

 

Е.С.

 

photo1/ massageratgeber.de

2/ healthambition.com

3/ verywell.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.