Појава на модринки за време на слабеење

Зошто понекогаш се јавуваат модринки во текот на слабеење?

Модринките се појавуваат при оштетување и мало крварење на крвните садови кои се наоѓаат под кожата. При намалувањето на килограмите, може да се случи појава на модринки по телото, без да бидете физички повредени. Еве кои се причините за нивна појава при слабеење:

Медикаменти. Доколку вежбате со цел да ослабете, вложувате поголем напор, а со тоа добивате и зголемено воспалување на мускулите. За да го намалите воспалувањето посегнувате по медикаменти за негово намалување, како на пример аспирин. Овие медикаменти делуваат заедно со нормалната функција на тромбоцитите, што доведува до лесна појава на модринки. Употребата на хербални лекови исто така, може да доведе до појава на модринки.

Недостатоци во исхраната. Кога сакате да ги намалите килограмите, одеднаш престанувате да консумирате одредена храна или одредена количина на храна со цел да го намалите внесувањето на калориите. Но, можеби токму таа храна му е потребна на Вашиот организам. Отфрлањето на одредена храна од дневното мени, може да предизвика појава на модринки по телото. Внимавајте секогаш да внесувате минимум 1200 калории во текот на денот и најважно е храната која ја консумирате да биде богата со витамин Б12, Ц и К и фолна киселина.

Истенчување на кожата. Кога ги губите килограмите, Вашата кожа станува потенка бидејќи ги губите мастите наталожени под кожата. Бидејќи кожата е потенка, модринките повеќе се гледаат.

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.