„Smoothie“ со банана и лешници

Ова е одличен пијалок за појадок, кој може да трпи и промени, како на пример млекото од соја да се замени со кравјо млеко.

1

Потребни состојки:

250мл млеко од соја

1 банана

1 супена лажица мед

3 супени лажици дробени лешници

Прстофат рендано морско оревче

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. По желба можете да додадете и неколку коцки мраз. Содржината сипете ја во две чаши и декорирајте со дробени лешници.

На здравје!

 

Е.С.

 

Photos/ seriouseats.com, macmillan.org.uk

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.