Отстранување на масните наслаги на стомак

ЗОШТО Е ТЕШКО ДА ГИ ОТСТРАНИТЕ МАСНИТЕ НАСЛАГИ ОД СТОМАКОТ

Многумина кажуваат дека не можат да ги отстранат масните наслаги од стомакот. Всушност, колку сме постари, толку масните наслаги се потврдокорни. Тие настануваат од неправилна и голема количина на исхрана, а воедно и од невежбање.

Ова се најчестите причини за неможноста за отстранување на масните наслаги од стомакот:

Преработена храна. Трансмастите кои ги има во тестенините, маргаринот, колачите и крекерите не само што создаваат масни наслаги во пределот на стомакот, туку тие ги усмеруваат и другите наталожени масти кон него. Ориентирајте се кон свежата храна како овошјето, зеленчукот, јајцата, млекото и млечните производи со ниска масленост и рибата.

slika-2

Јаглехидрати. Јаглехидратите го зголемуваат излачувањето на инсулин, што делува негативно врз организмот, бидејќи ја собира сета вода од телото целосно во стомакот. Од ваквиот начин на исхрана може да дојде до појава на болка во зглобовите. Затоа, намалете го внесот на јаглехидрати, односно на леб и тестенини, а зголемете ги белковините.

Вежбање. Правењето само стомачни или склекови нема да ги даде посакуваните резултати. Треба да се ориентирате кон високоинтензивен интервален тренинг, каде ќе ги вклучите сите мускули на телото.

Стрес. Доколку сте изложени на поголем стрес, надбубрежната жлезда започнува да излачува поголема количина на хормонот кортизол кој ја зголемува напнатоста. Тој заедно со зголеменото внесување на количеството на храна при стрес го поттикнува таложењето на мастите во пределот на стомакот.

Хормони. Некои хормонални промени овозможуваат таложење на маснотиите на одредени места, особено кај жените во пределот на стомакот и бутовите. Таква промена може да се случи во менопаузата. Намаленото лачење на хормонот естроген овозможува усмерување на мастите директно кон стомакот. Во овој период се зголемува нивото на лачење на хормонот грелин кој го зголемува апетитот, со што се намалува нивото на лачење на хормонот лептин кој ја зголемува ситоста.

SLIKA-3

Е.С.

 

photos/ eatthis.com, prevention.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.