Поховани лигњи во маринада

За оваа недела Ви подготвивме рецепт за превкусни лигњи во маринада од лук, рузмарин и лимон. Доколку сте обожавател на морската храна, Ве советуваме да си ги подготвите за денешниот ручек.

cuisineaz.com
cuisineaz.com

Потребни состојки:

1кг исчистени лигњи

Брашно по потреба

Презла по потреба

за маринада:

3 супени лажици маслиново масло

2 лимона

4 чешниња лук

3 гранчиња рузмарин

1 шака мајчина душица

Сол по вкус

16sucai.com
16sucai.com

Начин на подготовка:

Лигњите се сечат на тркалца, се валкаат во брашно, па во презла, а потоа се пржат во длабоко тавче во малку масло. Испржените лигњи се оставаат да се исцедат од маслото врз салфета.

Подготовка на маринада:

Во еден длабок сад се цедат лимоните и се додава ситно сецканиот лук, мајчината душица, маслиновото масло и солта. Добро се промешува.

Рузмаринот ситно се сецкаи се пропржува во останатото масло се додека ливчињата малку не ја променат бојата. Потоа се истура во садот со другите измешани зачини и се промешува.

Со оваа маринада се полеваат похованите лигњи и се остава да отстои неколку минути.

Лигњите послужете ги во чинии сервирани со малд компир или со зеленчук.

 

На здравје!

Е.С.

photo1/flickr.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.