Палента со печурки

Оваа палента со печурки може да биде одличен лесен оброк кој можете да го послужите во топлите летни денови.

kookjij.nl
kookjij.nl

Потребни состојки:

250гр палента

400гр свежи шампињони

600гр домати

2дл домашен кечап или салца

160гр праз

3 чешниња лук

0,5дл бело вино

Малку свеж босилек

Малку магданос

pinsdaddy.com
pinsdaddy.com

Начин на подготовка:

Палентата се вари според упатството за употреба на кесичката. Откако ќе биде зготвена се сипува во широка тепсија и се остава да се олади.

Празот се сецка ситно и се остава да се динста додека не омекне. Во истото тавче се додаваат исецканите шампињони и повторно се остава да се динста околу 10 минути. Во меѓувреме, на доматот му се отстранува лушпата, се сече на мали коцки и се додава во тавчето. Потоа, се додава и лукот и сè заедно се динста околу 20 минути.

На крај се додава кечапот и белото вино и се промешува.

Со овој сос се прелева целата палента, се сече на коцки и се сервира залинето со босилек.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ taste.com.au

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.