Наспијте се во текот на пеколното лето

 

Се чини дека колку и да го сакаме летото, пред да заспиеме сите го посакуваме малку поладното време. Таман сме легнале да спиеме почнува да ни е топло, да се препотуваме, да не можеме да заспиеме. Секако дека клима уредот не е најздравото решение. Применете некој од овие совети и веруваме дека ќе ги засакате и летните ноќи.

Замрзнат грашок под перница. Во текот на спиењето, голем дел од топлината која ја создава телото се губи преку главата. Токму затоа, нејзиното дополнително ладење може да го подобри квалитетот на сонот. Една кесичка замрзнат грашок ставете ја под перницата пред спиење. Перницата постепено ќе почне да се лади. Истиот ефект можете да го постигнете и со термофор со замрзната вода.

Ладна постелнина. Креветот можете да го разладите доколку неколку часа пред спиење  целата постелнина или само чаршавот го ставите во фрижидер со длабоко замрзнување. Наместете ја постелнината непосредно пред лагнување. Но, внимавајте постелнината да не биде влажна, бидејќи може да замрзне.

Ладни чорапи. Можеби Ви изгледа лудо во текот на летото да спиете со чорапи, но верувајте дека ладните чорапи се сосема нешто друго.  Со ладење на екстремитетите се намалува и телесната температура, а тоа помага во подобрување на сонот. Постапката е иста како и со постелнината.

SLIKA-2

Памучни пижами. Памучните пижами ќе ја впиваат целата пот од Вашето тело и нема да го имате она непријатно лепливо чувство. Секој друг материјал или нема да ја впива потта или пак, со впивањето на потта ќе шири непријатен мирис. Исто така, никогаш немојте да спиете голи, бидејќи во тој случај потта нема каде да се впие, па останува на Вашето тело, а со тоа доаѓа и до преладување и настинка.

Вентилатор. Вентилаторот е многу подобра опција од клима уредот, се додека тој не дува директно во Вас. За да ја намалите температурата во собата, пред вентилаторот ставете шише со претходно замрзната вода.

2

Прозори и ролетни. Во текот на денот секогаш гледајте прозорите да се затворени за да не влегува топол воздух низ нив. Исто така, спуштајте ги ролетните. На тој начин стаклата од прозорите нема да се загреваат, а и темната просторија сама по себе е поладна. Доколку немате ролетни навлечете темни завеси.

 

Е.С.

 

Photos/ theverge.com, pinterest.com, tescoliving.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.