Зелен пенаст омлет со спанаќ

Стандардниот жолт омлет или кајгана можеби веќе звучи и изгледа досадно, но Ви предлагаме да го пробате овој зелен пенаст омлет, кој воедно претставува многу здрав појадок богат со витамини и минерали.

simplehealthyeats.com
simplehealthyeats.com

Потребни состојки:

2 јајца

15 ливчиња спанаќ

5 ливчиња кељ (опционално)

Прстофат сол

Пармезан

sugarfreelondoner.com
sugarfreelondoner.com

Начин на подготовка:

Јајцата, ливчињата спанаќ и кељ и солта се ставаат во блендер и се блендираат се додека не се добие соединета пенаста смеса.

Смесата се истура во тавче со малку масло кое претходно е ставено на оган да се заграва.

Омлетот не се меша додека се пече. Се остава да се испече едната страна, а потоа се превртува на другата страна.

Кога омлетот ќе почне да добива малку кафеава боја, се трга од оган.

Се сервира во чинија и се попрскува со пармезан.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ lowcarbmaven.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.