„Raindrop cake“ – колаче како дождовна капка

Всушност ова во исто време е и лесна, но и деликатна освежувачка капка која едноставно се топи во устата. Има изглед на желе, но воопшто не е такво кога ќе го пробате. Колачето се растопува како вода веднаш штом ќе го ставите во устата.

Овој десерт можат да го консумираат и вегани, бидејќи се прави од агар, вода и шеќер. Агарот е растителна замена за желатинот, а можете да го најдете во продавниците за здрава храна.

nomhungerous.com
nomhungerous.com

Потребни состојки за 2 колачиња:

800мл дестилирана вода

2 кафени лажици агар во прав

1/3 шеќер во прав

kirbiecravings.com
kirbiecravings.com

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во тенџере и се меша додека смесата не се соедини.

Смесата се остава да зоврие, а потоа се остава да се олади.

Се сипува во мали садчиња со заоблено дно и се остава во фрижидер да се затегне.

Ова колаче може да се послужи празно полиено со соја сос и кафеав шеќер во прав, а во него може и да се додаде парче овошје пред да се остави да се затегне.

craftsy.com
craftsy.com
.youtube.com
.youtube.com
youtube.com
youtube.com

Напомена: доколку ова колаче не го изедете во рок од 30 минути, тоа може да се претвори во мало вирче вода во чинијата.

 

Е.С.

 

photo1/ kirbiecravings.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.