Нега на лицето во ладните денови

Без разлика каков тип на кожа имате, ладните денови во зимскиот период од годината ја дехидрираат и сушат кожата, предизвикуваат воспаление, ситно лупење и црвенило. Тоа доведува до интензивно чешање, со што дополнително се иритира. Затоплувањето на домовите го суши воздухот, така што кожата страда од двојно сушење.

Затоа ви предлагаме одлични совети за нега на лицето и како да ги изведете на најдобар можен начин.

Додадете витамин Ц – Без разлика на текстурата на кремовите, маските, серумите за кожа, тие мора да имаат висока концентрација на витамин Ц. Доколку кожата ви е повеќе оштетена одберете производ кој содржи 20% витамин Ц, а доколку ви е помалку оштетена може да одберете и производ со 5% витамин Ц.

Зголемете ја хидратацијата – По чистењето на лицето со тоник, а пред нанесувањето на крема, користете серум. Тој ќе ви овозможи поголема хидратација.

Заштитен фактор – Фактор 15 или 20 би бил адекватен за ладните денови. Секако дека не морате да носите фактор 50, освен ако немате некакви сериозни дерматолошки проблеми.

Тоник или млеко – Заменете ги геловите и пените со тоник или млеко за чистење лице. Геловите и пените ѝ штетат на хидролипидната бариера на кожата така што ја сушат повеќе. Нив може да ги користите само доколку имате масна кожа.

Козметички третман – Доколку имате проблем со т.н затнати пори или пак, со митисери, ќе ви биде потребен и козметички третман. Козметичарот ќе ви ја исчисти кожата, ќе ви стави квалитетна маска за лице, ќе ви направи добар пилинг и масажа на лицето, со што би ви ја поттикнала микроциркулацијата на кожата.

 

Подготвено од: Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.