Книга на неделата: Во окото на свеста

Во окото на свеста

Автор: Хокан Несер

За фановите на скандинавските трилери Хокан Несер би требало да биде во првите пет од листата. Главниот инспектор Ван Ветерен се соочува со досега невиден случај на убиство. Едно утро Јанек Митер се буди со ужасен мамурлак и открива дека неговата прекрасна сопруга лежи во кадата со главата надолу, мртва. Со недоволно силна одбрана, тој е прогласен за виновен за дело извршено под дејство на алкохол и страст и е затворен во институција за ментално болни.

Сомнежите на инспекторот во врска со идентитетот на убиецот се променуваат кога Митер е пронајден мртов во својот кревет. Ван Ветерен под полна пареа ја започнува истрагата околу двете убиства. Наоѓа мистериозно писмо што Митер го напишал пред смртта. Писмото треба да му помогне да го открие убиецот и да ги пронајде шокантните корени на ова злодело. Минатото никогаш не престанува да ја прогонува сегашноста. Мрачна и загадочна книга, како што може да биде само квалитетен скандинавски трилер!

2

Издавач: Антолог

Книжевен центар „Антолог“, ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

02/3201-007

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.