Книга на неделата: Љубов на два континента

 Љубов на два континента

Автор: Марија Бабамова

Едноставен роман, лесен за читање, проткаен со многу емоции. Во него авторката со лирска нота, на моменти многу суптилна или нежно мека, силно изразена со боите на искрените чувства, го одразува денешното живеење и го држи читателот љубопитно да го следи дејството.

Главен лајтмотив на овој роман е сепак љубовта, како животен резонанс, изразена најмногу како љубов меѓу двајца вљубени, или искрена љубов кон децата, до исконска љубов кон родната Македонија.

Целиот роман претставува богатство од поетски споредби, топли доживувања, искрена симболика, логичка последователност на настаните. Севкупната содржина е судбинска лирска исповед, искрена, исткаена и облагородена со тајните на животната сензибилност.

SLIKA-2

Издавач: Антолог

Книжевен центар „Антолог“, ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

02/3201-007

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.