Отворање на нова книжарница на Антолог

В ПЕТОК СЕ ОТВОРА ЕДНА ОД

НАЈУБАВИТЕ КНИЖАРНИЦИ ВО СКОПЈЕ

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека отвора нова книжарница во самиот центар на Скопје, на бул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок. 1, веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Новиот продажно-изложбен салон на „Антолог“ ќе почне со работа в петок, на 1 септември од 19 часот, за кога е закажано и свеченото отворање.

„Новата книжарница е следната приказна што ја испишуваме на барање на нашите читатели, простор што ќе биде поблиску до книгољупците, но ќе го задржи оригиналниот уметнички концепт по кој досега нè препознаваа. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, и оваа книжарница ќе им понуди на љубителите на уметноста голем избор на книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“ и додаваат: „Искрено се надеваме дека читателите и овде ќе пронајдат свое омилено книжевно катче, кое ќе им ги отвори вратите кон нови светови и во кое секогаш со задоволство ќе се враќаат.“

Во книжарницата на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од повеќе издавачки куќи. Читателите ќе можат да ги одберат најубавите книги од сите жанрови и видови: белетристика, книги за деца, дела од македонски автори, модерна психологија, боенки. Покрај тоа, посетителите ќе можат да си одберат од препознатливите аксесоари од брендот на „Антолог“.

Работното време на книжарницата, во која е дозволено и присуство на домашни миленичиња („pet friendly“), ќе биде од понеделник до сабота од 9 до 21 часот, што значи вистинско целодневно уживање за сите љубители на читањето.

Промотивно-рекламните материјали се дизајнирани од страна на македонскиот уметник Ване Костуранов.

Истиот ден, 1 септември, излегува од печат и втората книга на Ана Бучевиќ – „Во вортексот на остварените желби“, која во превод на македонски ќе биде достапна во новата книжарница, заедно со „Сафари на духот“.

„Заедно да споделиме повеќе љубов и книги, бидејќи во животот секој ред е важен!“, порачуваат од „Антолог“.

Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!

Следете нè на:

Facebook

 

Twitter

@Antolog_Books

 

Instagram

antolog_books

 

Youtube

 

За „Антолог“

АНТОЛОГ – Скопје е книгоиздателство првпат основано на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски. Овој датум истовремено e формален почеток на една дамнешна бизнис-идеја, но и продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Сè до 1903 година, во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној што отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност, belles-lettres

Повеќе информации: www.antolog.mk

Контакт „Aнтолог“
Кристина Велевска

ПР
e-mail: kristina@antolog.mk

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.