Ледени пијалаци во лето – за или против?

Топлото време само по себе предизвикува потење на телото. Но, со потењето на телото се губи водата во организмот, што доколку не се внесува дополнително течности, може да дојде до појава на вртоглавици, гадење, губење на концентрацијата, дехидратација и слично.

Потребата за течности може да се задоволи не само преку консумирање на вода, туку и преку консумирање на супи, сок од свежо цедено овошје и зеленчук, топли или ладни чаеви. Треба да знаете дека треба да одбегнувате течности кои во себе содржат шеќер, бидејќи токму шеќерот го поттикнува излачувањето на водата од организмот.

pinterest.com
pinterest.com

Доколку се потите интензиво, најдобро би било, загубените електролити да ги надоместите со изотопни пијалоци.

Многу ладната вода секако дека моментално може да Ве разлади, но таа не ја намалува температурата на целото тело, туку само на горниот дел од телото и тоа, само на системот за варење. Всушност, ладната вода само дополнително го зголемува чувството на топлина.

dish.allrecipes.com
dish.allrecipes.com

Со пиењето на ладната вода може да дојде до затегнување, односно до стеснување на крвните садови, со што потешко доаѓа до намалување на телесната температура. Поради големата температурна разлика меѓу ладната вода и топлото тело, може да дојде до оштетување на површинскиот слој на ткивото на системот за варење на храната.

Токму поради овие причини, во летниот период се препорачува внесување на течности со собна температура, пропратени со витамини и минерали кои се важни за подобро функционирање на целиот организам.

 

Е.С.

 

photo1/ lifebru.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.