Слатко од лубеница

Зачувајте ги корите од лубеницата што ја јадевте денес и од нив подгответе си слатко, кое ќе биде погодно за насладување во зима.

2

Потребни состојки:

1кг кора од лубеница

2кг шеќер

Сок од 1 лимон

1 стапче ванила

cookscountry.com/
cookscountry.com/

Начин на подготовка:

Се чисти кората од лубеницата. Се лупи зелениот слој и убаво се отстранува црвениот слој. Треба да остане само белиот дел од кората.

Исчистената кора се сече на мали коцки од околу 1см. коцките се ставаат во тенџере и се вријат најмалку во 6 води.

Откако коцките ќе бидат сварени, се прелеваат со ладна вода, која треба да се промени 4 пати. На крај се остава да отстои 24 часа, па се процедува.

На оган се растопува сиот шеќер со една чаша вода. Откако ќе се згусне шеќерот, се додаваат коцките лубеница и се готват 15 минути.

Пред крајот, се додава сокот од лимон и ванилата.

Се отстранува пената од тенџерето, слаткото се трга на страна и се остава да се лади покриено со мокра крпа.

Наредниот ден се складира во тегли.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ smallfootprintfamily.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.