Домашна супа од краставици

Овој пат Ви предлагаме да си подготвите вкусна домашна супа од краставици, за која не е потребно да се подготвува на шпорет. Бидејќи може да се консумира ладна, одлична е за летните горештини.

viktoriastable.com
viktoriastable.com

Потребни состојки:

1 шолја пилешка супа

3 шолји грчки јогурт

3 краставици

3 млади лукчиња

5 искршени ореви или копар, по желба

1 супена лажица оцет

Бибер по желба

Сол по желба

dinnerwithjulia.com
dinnerwithjulia.com

Начин на подготовка:

Во блендер се става супата, 2 краставици, лук, бибер, сол и оцет и се блендира се додека смесата не се соедини.

Содржината од блендерот се сипува во длабок сад и се додава грчкиот јогурт. Повторно добро се промешува со лажица.

Останатата краставица се лупи, се сецка на мали коцки и се додава во садот. Повторно се промешува.

Супата се остава 1 час да отстои во фрижидер пред да биде послужена.

Пред јадење, порцијата со супа се декорира со дробени ореви или со копар.

 

На здравје!

 

Е.С.

photo1/ tasteofhome.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.