Хељда со печурки

Честопати хељдата забораваме да ја консумираме, па токму затоа, со овој здрав ручек сакаме да Ве потсетиме на неа. Рецептот е едноставен, а ручекот ќе биде многу вкусен.

vegkitchen.com
vegkitchen.com

Потребни состојки:

250гр хељда

300гр шампињони

2 супени лажици доматно пире

1 црвен кромид

1 праз

2 чешниња лук

Прстофат копар

Маслиново масло

Сол

Бибер

dallasnews.com
dallasnews.com

Начин на подготовка:

Хељдата се става на оган да се вари со 2 чаши вода. Се вари 15 минути, односно додека не омекне и ја впие сета вода.

Во тавче, на маслиново масло се пржи празот исецкан на тркалца. Откако ќе омекне се додаваат исецканите лук, кромид и печурки. Се зачинува, се остава да се динста, а потоа се остава сета течност да испари. Потоа се додава доматното пире.

На крај, се додава кашата од хељда и копарот. Добро се промешува и се сервира во чинии.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ coconutandberries.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.