Кој костим за капење е попогоден за здравјето?

На пазарот може да се најдат најразлични модели на костими за капење, со најразлични дезени, бои и материјали. Но, дали знаете да одберете костим за капење кој ќе биде погоден за Вашето здравје?

Всушност, што помалку материјал на себе – тоа подобро за Вас.

pinterest.com
pinterest.com

Едноделниот костим за капење многу потешко се суши од дводелниот костим. Тоа доведува до преладување на телото, особено на половиот орган. Токму затоа, треба да одберете бикини за на плажа, бидејќи тие се пријател на женското здравје. Но, во секој случај, без разлика на тоа колку брзо се суши костимот за капење, секогаш кога сте во можност, соблекувајте го мокриот и облечете сув.

Танга бикините, всушност и не се препорачуваат, бидејќи се овозможува механичко стругање  по нежното интимно подрачје. Со отстранувањето на срамните влакненца, се отстранува и природната заштита на кожата од бактерии, а во комбинација со сонцето и морската сол, може да се предизвикаат и инфекции и иритации.

pinterest.com
pinterest.com

Исто така, внимавајте делови од костимот за капење да не допираат по бенките на телото. Некои бенки не се опасни, но особено внимавајте на оние со неправилна форма.

Во минатото на пазарот можело да се најдат костими за капење од најразлични вештачки материјали. Тие постоеле сè додека не почнале да се јавуваат алергиски реакции кај луѓето. Денес пронајдена е оптимална чистина на материјалот, кој се состои барем од 1% ликра. Се препорачува мешан состав на материјалот.

Е.С.

 

photo1/pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.