Баница со компири

Оваа баница со компири е одлична за љубителите на лиснатото тесто. Освен со компири, можете да ја подготвите и со сирење и јајца.

lifestyle.sapo.pt
lifestyle.sapo.pt

Потребни состојки:

За кори:

500гр брашно

2дл јогурт

1 јајце

20гр квасец

1 кафена лажица шеќер

2 кафени лажици сол

6 супени лажици масло

За фил:

500гр компири

1/2  дл масло

1 кромид

Сол по желба

Бибер по желба

recepti-svijeta.com
recepti-svijeta.com

Начин на подготовка:

Квасецот и шеќерот се раствораат во 1дл млака вода и се остава да се запени.

Во длабок сад се замесува тесто од брашно, јогурт, јајце, сол и квасец. Откако ќе се замеси, садот се покрива со крпа и се остава тестото да нарасне. Нараснатото тесто се става на работна површина и повторно се размесува со додавање на масло.

Во меѓувреме, во друг сад се рендаат компирите и кромидот, и се промешува со додавање на сол и бибер.

Тестото се дели на 4-5 дела и секое од нив прво се размесува со сукало, а потоа се тегне со раце во танка кора. Секоја кора се попрскува со масло и фил, па потоа се витка во ролни.

Сите ролни се редат во вид на полжав во округла тепсија. Баницата се става да се пече на претходно загреана рерна, на 200-250° додека да се зарумени.

Откако ќе се испече, баницата се покрива со влажна крпа и се остава да отстои, со цел да омекне пред да се послужи.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ cookingtiki.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.