Бели „brownies“ колачиња

Овој пат не ги подготвуваме стандардните кафеави brownies, туку Ви нудиме рецепт за подготовка на бели brownies. Рецептот е едноставен и лесен за подготовка.

sallysbakingaddiction.com
sallysbakingaddiction.com

Потребни состојки:

140гр брашно

230гр кафеав шеќер

115гр растопен путер

1 јајце

½ шојла бело чоколадо

½ дробени јаткасти плодови

1 кесичка екстракт од ванила

Прстофат сол

kknews.cc
kknews.cc

Начин на подготовка:

Во длабок сад се меша растопениот путер и шеќерот, а потоа се додава јајцето, екстрактот од ванила и солта. Повторно добро се промешува и се додава брашното. На крај се додава чоколадото и јаткастите плодови и повторно се промешува.

Смесата потоа се сипува во тава во која претходно се премачкува со масло и се попрскува со брашно.

Се става да се пече во претходно загреана рерна на 180° Целзиусови, околу 25 минути.

Испечениот колач се сече на коцки и се сервира во чинија. Одозгора коцките можете да ги прелиете со уште малку растопено бело чоколадо и да додадете уште малку јаткасти плодови.

 

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ dessertswithbenefits.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.