„Smoothie“ од грозје и путер од кикирики

Нов пресврт на класичниот вкус на грозјето. Оваа недела Ви предлагаме да си подготвите smoothie со грозје во комбинација со путер од кикирики. Ви препорачуваме црно грозје, но секако дека доколку не сте голем фан на црното грозје, заменете го со бело.

asplashofvanilla.com
asplashofvanilla.com

Потребни состојки:

1 шолја бадемово млеко

1 банана

1 шолја црно грозје

1 супена лажица путер од кикирики

3-4 коцки мраз

vitamix.com
vitamix.com

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со грозје.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ myvega.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.