Вкусни домашни переци

Домашните переци се лесни и едноставни за подготовка.

abiteofbecky.wordpress.com
abiteofbecky.wordpress.com

Потребни состојки:

6 дцл вода

2 дцл масло

½ кг брашно

40 гр квасец

1 јајце

3 супени лажици шеќер

1 супена лажица сол

 

Солен прелив:

1 дцл вода

1 супена лажица сол

3 супени лажици брашно

prettysimplesweet.com
prettysimplesweet.com

Начин на подготовка:

Квасецот се остава да стаса во малку млака вода со 1 кафена лажица брашно и 1 кафена лажица шеќер.

Во длабок сад се истура поголем дел брашно, се додава и сол, шеќер, масло и стасаниот квасец. Се меша со лажица. Полека се додава остатокот од брашното и водата, додека тестото се замесува со рака. Откако ќе се замеси се остава да нарасне, на топло место, околу 30 минути.

Нараснатото тесто се дели на 20 топчиња, по околу 100гр. Секое топче се истегнува во долга лента, па се формира во перек.

Переците се редат во тавче обложено со хартија за печење и се оставаат да постојат околу 30 минути. Во меѓувреме се мати јајцето и со него се премачкуваат переците.

Переците се оставаат да се печат 15 минути на претходно загреана рерна на 220°.

Во меѓувреме, во помал сад се мешаат состојките за солениот прелив.

По 15 минутно печење, переците се вадат од рерна, се прелеваат со солениот прелив и повторно се враќаат на печење уште 5 минути.

По желба, переците можат да се подготват само со сол, кој треба да се нанесе веднаш по премачкувањето со јајце, наместо со солен прелив. Може да се нанесе обична или морска сол.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ youtube.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.