Чорба од коприви

Потребни состојки:

2л млака вода

1кг коприви

2 супени лажици масло

1 супена лажица брашно

1 кромид сецкан на коцки

Кисело млеко

martinservera.se
martinservera.se

Начин на подготовка:

Со ракавици, копривите се чистат и се мијат, а потоа се попаруваат со врела вода.

Откако ќе омекнат ситно се сецкаат.

Во тенџере се ставаат мслото, брашното и кромидот како запршка. Потоа се додаваат и копривите. Се запржува уште малку, а потоа се додава 2л млака вода и се остава да се вари.

Откако ќе се свари, чорбата сервирајте ја во длабоки чинии зачинети со кисело млеко.

На здравје!

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.