„Smoothie“ so праска, диња и спанаќ

Ова smoothie е одличен извор на бета каротен, кој е одличен антиоксидант кој му помага на телото да произведува поголемо количество на витамин А, кој му е потребен на имунолишкиот систем. Спанаќот ќе Ви го подигне нивото на калциум, а во комбинација со другите состојки нема воопшто да го почувствувате неговиот вкус.

/alloftheveganfood.tumblr.com
/alloftheveganfood.tumblr.com

Потребни состојки:

½ шолја вода

1 шака спанаќ

1 замрзната банана

½ шолја сецкана диња

1 праска

1 супена лажица ленено семе

1 супена лажица семе од коноп (по желба)

1 супена лажица спирулина во прав (по желба)

tinnedtomatoes.com
tinnedtomatoes.com

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со парче диња.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ lettucebehealthy.net

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.