Интензивни „MOUNTAIN CLIMBERS“ вежби

Овие интензивни mountain climbers вежби ја имаат истата позиција како и вежбите plank. Разликата е во динамичното држење на телото и движење на нозете, со акцент на колената.

Откако ќе постигнете високо ниво на цврстина на мускулите на стомакот, време е за овие вежби.

При вежбањето, доколку почувствувате болка во пределот на половината, значи дека не вежбате правилно. Вовлечете го стомакот и активирајте ги стомачните мускули.

Постојат различни и безбројни варијации на вежбите, како: зголемување или намалување на брзината, држењето на рацете – што погоре, тоа е потешко, истегнувањето кон напред, аглите на држење на трупот и сл.

Ви предлагаме да го погледнете видеото и да започнете со вежбање.

 

Е.С.

photo1/archive.spright.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.